Предлог-разрешувањето на Ирфан Бучи, заменик директор на Царина повлечено од дневен ред во Влада?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 имаше увид дневниот ред во Владата на Северна Македонија, во која точка 41 предвидува предлог-разрешување на Ирфан Бучи од местото заменик директор на Царината. За време на седницата дознаваме дека, точката 41 била тргната од дневниот ред.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт со заменик-директорот Бучи, но тој не одговори на нашите повици, за да ја открие причината зошто е предложено неговото разрешување и зошто на седницата истиотпредлог е повлечен.

Во наредните денови се очекува да се види дали е грешка или разрешувањето на заменик-директорот ќе биде предложено на следната владина седница?