Предупредување за измамнички СМС пораки: Ако ја добиете оваа порака од УЈП, не го отворајте линкот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на денешниот ден до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк, информираа од Управата.

„Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци.
Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци. Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно преку официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви“, се вели во јавното соопштение на УЈП.

Од УЈП за информирање и контакт со институцијата ги посочуваат официјалната е-пошта: info@ujp.gov.mk, Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200, како и официјалната веб-страница: www.ujp.gov.mk.

„Не кликајте на линкови од сомнителни SMS пораки и не споделувајте лични или банкарски податоци. Споделете го ова известување со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби“, порачуваат од УЈП.