Американската метеоролошка служба го откажа предупредувањето за цунами издадено во поголемиот дел од северна Калифорнија и Орегон, вклучувајќи го и заливот Сан Франциско, по земјотресот од седум степени според Рихтеровата скала што го погоди крајбрежјето на државата, јавува Анадолија.
Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил на околу 96 километри југозападно од Ферндејл, Калифорнија.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за цунами, повикувајќи ги луѓето да се евакуираат од брегот.
Предупредувањето беше укинато откако Националната метеоролошка служба соопшти дека „нема моментална закана од цунами“ за крајбрежните области во Калифорнија и Орегон.
По земјотресот, многу граѓани споделија застрашувачки снимки на социјалните мрежи, на кои се прикажани моменти на страв и паника, како и пустошење што го претрпеа нивните домови.
