Прекин на сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен, граѓани запалилe оган поради исклучена електрична енергија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓани од околината на населбата Баир со палење на оган поради исклучена струја го прекинаа сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија.

-Прекин на сообраќајот на автопатот А3 на обиколницата Прилеп-Битола-Ресен, поточно над населба Баир, со палење на оган од страна на граѓаните од околината поради исклучена електрична енергија, се вели во соопштението на АМСМ.