Прекината наставата во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка, родителите протестираат, им смета наставата на албански јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака вчера наутро директорката на ОУ “Тодор Јанев“ во Чашка, Елена Николовска, беше спречена да почне со работа. Заедно со неа и Бесмир Џафери, единствениот наставник Албанец во оваа училиште, кој треба да им предава на 7-те ученици Албанци кои доаѓаат од околните села, бидејќи немаат училиште во нивното село. Жителите на Чашка протестираа пред влезот на училиштето, поради тоа што од 22 ноември, во оваа училиште е отворена првата паралелка на албански јазик. Родителите на неколку ученици Македонци, се против отворањето на таа паралелка и сметаат дека тоа е незаконски.

Протест најавија и за денеска, но за да се смири ситуацијата, директорката Николовска одлучи наставата да се прекине и да се продолжи од четврток.
Сепак претседателот на огранокот на ДУИ, Суат Шаќири, во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека за оваа проблематика не се виновни родителите, туку дека тие се под влијание на политиката.

„Ме зачудува фактот што родителите само потенцираат дека не сакаат учениците да учат на албански јазик во ОУ “Тодор Јанев“. Без никаква друга причина. Не им смета ако тоа исто дете учи во второ, трето, четврто одделение на македонски јазик. Не постои тоа детето да оди во училишниот двор и да биде застанат од родител кој има 40,50,60 години со извици. Каква вина има тоа дете?“, вели Суат Шаќири.

Овие протести, според неофицијални извори, се поттикнати од градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, но и од пратеникот од редовите на ДПМНЕ, Игор Здравковски. Здравковски пред неколку дена пред жителите на оваа зона изјави дека целта на Албанците е да заземаат територии.

Инаку првата паралелка на албански јазик во ОУ „Тодор Јанев“ беше отворена на 22 ноември, денот на албанската азбука. Тоа следи откако министерот за образование, Јетон Шаќири, му ги одзема надлежностите на градоначалникот на Чашка. Во прво одделение настава на албански јазик почнаа да следат 7 ученици, а паралелки на албански јазик ќе има и следните учебни години. Досега учениците Албанци беа обврзани да учат на македонски јазик.