Преку петиција се бара Васил Гарванлиев да не ја претставува Северна Македонија на овогодишеното издание на музичкиот фестивал „Евровизија“.
На петицијата, која е денеска објавена, досега се потпишани речиси 13 илјади граѓани.
Имено, оваа петиција следува откако во видеоспотот за песната која е наменета за „Евровизија“ беа забележани боите на знамето на соседна Бугарија. По реакциите на јавноста ова видео беше повлечено и спорните сцени беа отстранети.
Реакциите кулминираа откако во текот на викендот низ социјалните мрежи се прошири и постаро интервју од Гарванлиев, во кое тој открива дека покрај македонскиот, поседува и бугарски пасош.
Денеска преку видеообраќање до јавноста се огласи и пејачот, а во продолжение дознајте каков е неговиот став:
