Преку повикот „Стартап 5“ на ФИТР, 2,3 милиони евра финансиска помош за стартапи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупно 61 проектна апликација, 9 претпријатија и 31 проектен тим се поддржани преку повикот „Стартап 5“, кој ќе започне со реализација на нивните иновативни идеи и бизнис проекти поврзани со истражување и развојот. Од општиот буџет на повикот, 2,3 милиони евра се инвестиција на ФИТР, додека 412 илјади евра се средства кои ќе ги инвестираат самите претпријатија.

„Среќен сум што портфолиото на Фондот постојано расте и што луѓето ги препознаваат можностите што ги нуди ФИТР и секоја година портфолиото на фондот се развива со нови компании, кои развиваат иновативни идеи, креативни идеи и преку овие проекти исто така се зголемува можноста економијата на нашата земја да е поиновативна, позелена и да овозможи повеќе работни места за младите, но и генерирање даноци кои и помагаат на нашата земја за економско закрепнување.“, вели Фестим Халили, директор на ФИТР.

На повикот „Стар ап“, кој е петти по ред, ФИТР прими 363 проектни апликации од претпријатија и проектни тимови. Агон Фејза од компанијата „Вулос“ со присутните го сподели искуството за поддршката на неговиот нов бизнис од ФИТР.

-Како компанија бевме во оваа иницијатива каде што се пријавивме на еден од тогашните огласи „Стартап 3“ и сакавме да аплицираме со нашата идеја, со Стартап наречен Вулос. Вулос е екосистем кој ни овозможува повеќе услуги. Некои од услугите на Вулос се креирање на дигитален идентитет, а по дигиталната верификација многу ни е лесно да го користиме и дополнително да го провериме документацискиот дел, делот на електронската архива“, вели Фејза.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, истакна дека заедно со овие 61 нов проект, вкупно 348 претпријатија ги реализираат или ќе ги реализираат своите бизнис идеи.