реклама

Преку улица со дупки до викендиците – нема да се асфалтира целиот пат, само ќе се пополнат дупките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Ова е еден од патиштата кон викенд куќите на Попова Шапка. И покрај тоа што во оваа населба во текот на зимата доаѓаат илјадници туристи, инфраструктурата и натаму е уништена“, вели репортерот на ТВ21.

Од општина Тетово признаваат дека немаат никаков проект, кој би чинел многу, па ја разгледуваат можноста за средување на инфраструктурата заедно со сопствениците на викендичките.

реклама

Всушност, проблем има и со атмосферските води што е главниот проблем. Разговаравме и со сопствениците на викенд куќите, кои имаат волја за соработка со општина Тетово за да се најде заеднички јазик и да биде заедничка инвестиција, имаше неколку средби, но конкретно немавме никакви резултати“, вели Мемет Јонузи.

Од општината признаваат дека нивна обврска е да ги санираат патиштата, па ветуваат дека ќе ги пополнат дупките пред почетокот на сезоната.

реклама

Имаме во сила договор за покривање на ударни дупки или асфалтирање на патиштата во Тетово и околината. Ќе видиме со средства колку треба да покриеме и ќе видиме со други средства да интервенираме пред почетокот на сезоната“, порача Мемет Јонузи.

Попова Шапка е една од најпосетуваните туристички места во текот на зимата, но и покрај големиот број туристи, инфраструктурата и натаму е уништена.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама