Премиерот на Република Српска поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, денес поднесе оставка, наведувајќи дека тоа била негова доброволна одлука по нешто помалку од седум години на функцијата.

„Одлучивме да избереме нова влада на Република Српска“, изјави Вишковиќ пред новинарите, додека Додик и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, стоеја до него.

Тој рече дека очекува да ја напушти функцијата премиер откако беше назначен во 2018 година, додавајќи дека оставката е негов придонес за постигнување консензус во РС.

Тврди дека нема никаква кавга или конфликт меѓу него и Додик, и најави дека ќе остане лојален член на СНСД сè додека оваа партија не ја постигне својата крајна цел, а тоа е Република Српска како држава. Вишковиќ е член на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), партија на чело со Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата претседател на Српска со одлука на Централната изборна комисија на БиХ