Шпанскиот премиер Педро Санчез одговори на заканите на Доналд Трамп за прекин на трговските односи меѓу двете земји поради противењето на Мадрид на бомбардирањето на Иран.
Во телевизиско обраќање утрово, Санчез рече дека ставот на неговата влада може да се сумира во неколку зборови – не за војна.
Тој рече дека грешките од минатото не смеат да се повторат, осврнувајќи се на инвазијата на Ирак во 2003 година. Како што вели, таа интервенција не ги постигнала своите цели, туку создала несигурност и го направила животот уште полош за многу луѓе.
Санчез предупредува дека нападите врз Иран би можеле да имаат слични економски последици за милиони обични луѓе, поради што владата разгледува мерки за ублажување на таков удар.
Трамп вчера се закани дека ќе ги прекине сите врски со Шпанија и ја нарече земјата „ужасна“ откако Санчез одби да им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за да го нападнат Иран. Мадрид ги нарече нападите неоправдана и опасна воена интервенција.
