Претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен на коронавирус, и поради тоа ги откажал сите посети и состаноци кои биле планирани во следните неколку дена, соопштија од српската Влада.
Како што се наведува, Вучевиќ е на домашно лекување, и користи терапија. Активностите ќе ги одработува од дома.
