Препукувања меѓу АА и БЕСА, Касами го нарече Села „мал човек“

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Претседателот на Собранието на АА, Зијадин Села ја критикуваше опозицијата, велејќи за Беса дека токму АА е таа што и ја дала власта.

-Како што направивме во 2017 година кога бевме дел од владата, свесни дека коалицијата со движењето Беса ќе не извади од владата, тие ја одиграа играта, се поделија на два дела, тие не извадија од власта и самите влегоа во неа, и денес се заедно затоа што им недостасуваше мотивот, ние им ја дадовме локална власт, мирно го градиме блокот, власта и опозицискиот блок, и се што направија, истрчаа не по членовите и симпатизерите на ДУИ туку по членовите и симпатизерите на Алијансата со цел Алијансата да ја фрлат на колена-рече Села.

Во реакцијата Касами го нарече Села мал човек, велејќи дека е нарачан од ДУИ за вакви изјави за да се дефокусира јавноста.

-Не би сакале да се занимаваме со изјави на ситни луѓе кои им служат на властодршците. Нашиот фокус и сите активности што ги правиме е да донесеме промени кај Албанците во Македонија. Дури и кога партијата на власт се плаши повеќе од било кога дека може да се случи промена, после 20 години гледаме дека секојдневно пуштаат во медиумите и мислења на такви личности кои се обидуваат да ја дефокусираат нашата борба. Нашата борба е промената кај Албанците да ја направиме како што се случи во македонскиот дел“, рече Касами.

Беса и АА порано беа заедно во коалицијата, но сега Беса е во опозиција додека АА е во Влада.