Пресек температури до 17 часот: Скопје беше најтопол град во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

До 17 часот, Скопје имаше највисока температура во Македонија. И покрај тоа што жителите на главниот град се разбудија со облачно и дождливо време, сепак, во текот на денот температурата се покачи и достигна до 25 степени. Истата температура ја имаше и во Гевгелија.

Најстудено место денеска беше Попова Шапка со 13 степени.

Најмногу дожд денеска наврна во Крива Паланка 11 литри на метар квадратен, па Берово 10, Струмица 6…