Пресврт во случајот на починатото бебе во Виена: Било брутално претепано…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Минатата недела од одделението на виенската клиника Фаворитен исчезна новороденче. Полицијата се посомневаше во киднапирање, веднаш започна масовна потрага по десетдневното бебе, претресена е цела болница, претресени возила кои излегоа од болницата, користени се и кучиња трагачи.

За жал, бебето било пронајдено мртво во канта за отпадоци во близина на болницата. Било завиткано во најлонска кеса, уапсена е нејзината мајка, 30-годишна Австријка со турско потекло. Австриските медиуми пишуваат дека таа го признала делото, наведувајќи ја постпородилната депресија како мотив. Истражителите веруваа дека бебето се замрзнало до смрт…

Сепак, следеше пресврт.

Како што пишува Heute , извештајот од обдукцијата откри грозоморни детали. Бебето починало од тешки повреди на главата, не замрзнало во канта за отпадоци како што претходно се верувало.

– Привремениот извештај од обдукцијата покажа дека причина за смртта е тешка траума на черепот и мозокот предизвикана од повеќе удари со тап предмет – соопштија од полицијата.