Претепан и ограбен сопственикот на менувачница кој пред три години уби две лица при обид за грабеж во Кисела Вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инцидент вечерва се случил на тротоарот пред куќата на сопственикот на менувачница, кој пред три години уби две лица при обид за грабеж.

Како што дознава ТВ21, сопственикот бил нападнат од две засега непознати лица, и од торба му биле одземени 20.000 евра и револверот.

Увид на лице место изврши полиција, повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

За потсетување, сопственикот на менувачницата во ноември 2017 година уби две лица кои насилно влегле во објектот, со цел наводно да го ограбат.

Тие на сопственикот му се заканиле вооружени со пиштоли и му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот.

Фото: Архива 2017 година.