Претепан опозиционерот Ника – полицијата го носеше во притвор онесвестениот грузиски лидер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Партијата „Коалиција за промени“ објави шокантно видео на платформата Х, на кое се гледа Ника Гварамија во бесознание, како го носат неколку мажи држејќи го за раце и нозете по улиците.

Полицијата во Тбилиси го уапсила Гварамија, лидер на една од главните опозициски партии во Грузија, по што бил претепан и онесвестен, соопшти неговата партија. Според соопштението, Гварамија бил насилно фрлен во полициско возило и однесен, иако бил физички нападнат и во несвест.

Грузија е во политичка криза, со секојдневни масовни протести низ улиците, поддржани од опозицијата, против одлуката на владата да ги прекине преговорите за членство во Европската унија.