На 19.11.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(54) од Скопје.
При претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.