Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.

Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Утре, 29 ноември 2024 година, петок, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.