Претседателот на Бангладеш поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка, објавија денес локалните медиуми.

Шахабудин, кој е претседател на јужноазиската земја од април 2023 година, беше на функцијата и кога премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, беше соборена од власт во август 2024 година во протести предводени од млади, по што беше формирана привремена влада, објави Ројтерс.

Во Бангладеш, функцијата претседател е во голема мера церемонијална, додека извршната власт ја држат премиерот и владата.