Претседателот на Бугарија Румен Радев одржува работна средба со организациите на работодавачи, јави БНР. Тема на разговор беа високите цени на струјата и нивното влијание врз производството и бизнисот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија пред неколку дена, бизнис претставници побараа итно свикување на Советодавниот совет за национална безбедност, како и средба со премиерот на Бугарија Кирил Петков поради состојбата со скапата струја.
Во писмото до претседателот Румен Радев, работодавачите предупредија дека состојбата со цената на струјата за бизнисите станува се подраматична и позаканувачка, а бугарските производители се соочуваат со закана што не може да се спореди ниту со финансиската криза од 2009 година.
Организациите на работодавачи инсистираат на брзи и концентрирани и координирани акции на државните институции во Бугарија со цел да се избегне можноста за многу важни претпријатија за локалната економија, кои може да не продолжат со работа на почетокот на 2022 година, што би довело до верижен ефект и меѓу останатите сектори.
