Претседателот на Црна Гора, Милатовиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска на својот профил на Х истакна дека со неверување ја примил веста за трагичниот настан во Кочани.

Тој во име на граѓаните на Црна Гора и во негово лично име изрази најискрено сочувство до семејствата на загинатите, претседателката Гордана Силјановски Давкова и до сите граѓани на Македонија.

„Занемени поради оваа трагедија, длабоко сочувствуваме и ја споделуваме тагата со нашите пријатели во Македонија“, наведе Милатовиќ.