Превирања со опозицијата – Џафери потсети на случајот со Груевски: Таа песна нема да ја пее никој веќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Собранискиот спикер, Талат Џафери ги коментираше и жестоките дуели со опозицијата во Собрание, односно неговата вчерашна кавга со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Џафери спомнувајќи го „соочувањето“ со Никола Груевски во законодавниот дом во 2018 година, рече дека нема да дозволи веќе да се случи такво нешто.

-За процедурално нека останат на своето место како секој. Ќе побара збор, ќе добие збор. Не може никој да излезе на говорница пред да добие збор. Излегуваат пред мене и се расправаат со мене вон говорницата. Имаше еден кој се качи горе и ми истури вода. Ова го реков и тогаш, и повторувам и сега, беше прв и последен. Ако сакаат да испровоцираат такво нешто, јас им реков дека таква слика веќе нема да видат. Ако некој мисли дека ќе ме испровоцира качувајќи се горе на моето место… а таа песна нема да ја пее никој додека сум јас претседател на Собрание, рече Џафери на брифинг со новинари.