Преживеан од падот на авионот во Казахстан: „Пилотот неколку пати се обиде да слета, потоа се слушна силна експлозија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преживеаните патници од авионот на Азербејџан ерлајнс кој утрово се урна во Казахстан, сведочат дека на уривањето на леталото претходела експлозија.

Наводно прво птици удриле во моторот, а потоа нешто експлодирало. Неофицијално станува збор за резервоар со кислород, а потоа луѓето изгубиле свест.

Во авионот кој се урна во градот Актау во Казахстан, имало 62 патници и пет членови на екипажот.

„Повеќето од преживеаните седеле во задниот дел на авионот“, пишуваат руските медиуми.

Казахстанските власти изјавија дека 32 лица ја преживеале авионската несреќа.

Еден од оние кои ја преживеал несреќата, бил 48-годишен маж кој даде изјава.

„Пилотот се обиде да слета 2-3 пати. Потоа слушнавме некаква експлозија. Се спуштија маските, но во нив немаше кислород. Авионот кружеше пред падот“, рече еден од преживеаните.