На 22.09.2021 година во СВР Охрид, пријавено е дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, пронајдени се експлозивни направи.
По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за две неексплодирани рачни бомби кои, по преземени мерки безбедно се подигнати.
