Прилеп бара да биде ставен во карантин, Комисијата во петок ќе ја разгледува ситуацијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, побара карантин за цел град Прилеп и околните места, поради алармантната ситуација во градот со пандемијата на коронавирусот.

„Последните девет дена има 26 починати. Само вчера имаше шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето доаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време, да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе биде вака. Се спремаме за т.н. трет бран“,рече Јованоски во изјава за 24 Вести.

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

– Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со Ковид-19, додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.