Приоритетен за сите, но без краен рок – за автопатот Кичево-Охрид има пари, но и дополнителни проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долго очекуваниот автопат Кичево-Охрид никако да ја дочека својата завршница. Беше започнат во 2014 година во времето на Владата на Никола  Груевски, помина неколку влади и сите го најавуваа како приоритетен.

ТВ21: Што се случува со Патот на Арбр. Слушаме дека делот во Албанија е поблиску до почетокот на реализацијата на овој проект, а кај нас има застој?

„Македонија е посветена да се реализираат инфраструктурни проекти согласно анализите кои ги правиме ние како Влада но и надлежните институциите. Ние сме посветени да го реализираме коридорот 8, кој го пофаќа и патот Кичево – Охрид – Струга. Тоа е приоритет и европски коридор. Има застој што се однесува до реализацијата на тој пат со изведувачот. Ние скоро секојдневно контактираме со нив, за да го деблокираме тој застој и да почне реализацијата, чија реализација влијае и врз нереализацијата на капиталните инвестиции. Истовремено, по реализацијата на овој пат и патот Скопје – Блаце, ние ќе се фокусираме и на другите патишта“, посочи Крешник Бектеши.

Сега на овој автопат се работи со 230 машини и околу 820 инженери и градежни работници. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  убедува дека изградбата на долго очекуваниот автопат  се одвива со добра динамика и оти се отстрануваат сите дополнителни проблеми за конечна реализација . Сумите за изградба на автопатот  кои  првично беа најавувани, одамна  ја надминаа конечната вредност. Се уште е неизвесно дали последната сума   од околу 600  милиони  евра  ќе биде доволна за финалниот проект. Министерот Бочварски вели дека најважно е што пари за проектот има.

„Во овој момент, тој автопат ја има таа цена  на чинење , проектите се готови, ревизијата е готова, сега останува да се продолжи со работа .Важно е дека цените по овој Анекс  кои што беа донесени  се многу пониски отколку што е основниот проект. Тие се информациите кои ги имаме, доколку се јават нови работи секако ќе се бараат решенија“, посочи Благој Бочварски.

Првичното лошо проектирање и новите инфраструктурни проекти наметнуваат и дополнителни финансиски средства, потсети Бочварски.

„Според првичниот проект кој беше лош, недоработен и краток, во однос на немање на клучки на косини, реализацијата е 85 проценти  од тој автопат а во однос на сите нови проектирања новите клучки, новите засеци, градежни работи кои треба да се работат, реализацијата е 55 од целиот автопат“, додаде Бочварски.

Дополнителните  зафати   на автопатот ќе влијаат и врз неговата конечна завршница која првично беше најавена за 2021 година. Сегашниот министер Бочварски, не сака да ветува  точни  рокови, се додека не ја види динамиката и сериозноста на зафатите . Процесот на експропријација е дополнителен проблем вели  министерот за транспорт и токму поради тоа машините не можат да влезат на терен. ТВ 21 неодамна го контактираше и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов  со цел да дознае на какви проблеми  конкретно  се наидува  при изградбата на автопатот.

„Патот Кичево-Охрид  отпочна да се работи и ќе се работи така како што треба“, вели Зоран Китанов.

 Инаку изградбата на Автопатот Кичево_Охрид  беше започната во 2014 година. Неколку години подоцна се утврдија сериозни пропусти во проектната документација. Проектираната должина  на Автопатот е 57 километри  а вредноста од првичните 400 милиони евра се искачи на околу 600 милиони евра.