Природниот гас ја крева цената на струјата – ЕУ со мерки, Македонија со домашна задача

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на природниот гас на светските берзи расте по нападите на Израел врз енергетска инфраструктура поврзана со Иран, по што следеа и одмазднички реакции на Техеран во регионот. Ова директно ќе се прелее и врз цената на електричната енергија, предупредува универзитетскиот професор од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски. Причината за ваквата поврзаноста, корелација меѓу овие два енергенса е начинот на кој се формира цената на електричната енергија на европските пазари. Системот функционира според таканаречената merit – листа каде сите извори се редат според цената, од најевтини како сонце и ветер, до најскапи како јаглен и гас“

„Иако најголемиот дел на енергијата може да потекнува од ефтини, обновливи извори, финалната цена сепак ќе биде диктирана од последниот, односно маргиналниот мегаватчас кој е неопходно да се задоволи побарувачката во мрежата. Бидејќи гасните централи се најфлексибилни во системот и можат брзо да се влучат, токму тие се оние што ќе ја исчистат последната понуда на пазарот, во моменти на висока побарувачка и така се воспоставува цената на расчистување. За жал, највисоката цена е неминовност“, вели Дејан Трајковски, универзитетски професор.

Ова значи дека имаме парадоксална состојба, каде што поголем дел од струјата може да доаѓа од евтини извори, но конечната цена ја одредува најскапиот – односно гасот. Затоа, Европската унија најавува мерки со кои сакаат да ја намалат цената на електричната енергија. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пакетот со четири мерки.

Според Трајковски, во наредниов период краткорочно може да имаме олеснување околу цената на електричната енергија. Едноставно, имаме среќа што влегуваме во пролет и побарувачката ќе опадне и нема да има потреба од толку гасни централи. Но, на долг рок, решението е сосема поинакво.

„Меѓутоа, на долг рок, единствениот начин да се неутрализира овој механизам на ценовни шокови на гасот е преку стратешко проширување на капацитетите за обновлива енергија, до ниво кое целосно ќе ја задоволи побарувачката. Со што фосилните горива би го изгубиле статусот на маргинален фактор кој ќе ги диктира пазарната цена. И не помалку важно, постигнувањето на оваа енергетска независност бара и големи инвестиции во системи за складирање на енергијата, како реверзибилни хидроцентрали и батерии, кои ќе ја одржуваат мрежата стабилна дури и кога нема сонце или ветер“, вели Дејан Трајковски, универзитетски професор.

Ова значи дека треба да се инвестира во Чебрен.

Инаку, Меѓународната агенција за енергија предупредува за енергетска криза и затоа препорача штедење и прилагодување на потрошувачката, вклучително и работа од дома каде што е можно.