Пристигна првиот снег во Македонија – еве какво време не очекува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Освен во соседна Србија и ски центарот Копаоник, снег ни пристигна и во Македонија.

Имено утрово забели ски центарот Попова Шапка.

Снегот таму се спуштил и до 1800 метри надморска височина, а најниската температура достигнала 0,3 степени.

Сепак, според метеоролозите снегот ќе се задржи кратко, бидејќи во следните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури.

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.