Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на АЛТА Банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кривичниот суд во Белград му одреди мерка притвор од 30 дена на сопственикот на АЛТА Банка, Давор Мацура.

Според соопштението на судот, на обвинетиот Д. М. му се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на положбата на одговорно лице“, предвидено во член 227, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик на Србија.

Во меѓувреме, обвинетите Г. М. и И. П. се товарат за помагање при извршување на кривичното дело „Злоупотреба на положбата на одговорно лице“, предвидено во член 227, став 3, во врска со став 1 и член 35 од Кривичниот законик.

Против донесеното решение е дозволена жалба до вонрасправниот кривичен совет на Вишиот суд во Белград, Посебно одделение за организиран криминал.

Рокот за поднесување жалба е три дена од денот на приемот на решението, информираат од судот во Белград.