Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Барањето било поднесено до претседателот на Советот, Трајко Славески, вчера околу 15:30 часот, но тој изјави дека било доставено предоцна за да биде вклучено на дневниот ред. Славески појасни дека иницијативата ќе биде разгледана од градоначалничката Арсовска и по тоа ќе се врати на Советот.

Од Град Скопје обвинија дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават точката на дневен ред, истакнувајќи дека барањето за зголемување на таксата е обид за продлабочување на кризата и создавање хаос во јавниот превоз.