На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода осумнаесетгодишниот Р.Д. од Куманово.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
