Приведен екс директорот на „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава сам се предал на надлежните органи, откако извесен период беше во бегство.

Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, во 05:35 часот пеш и самоволно се пријавил кај надлежните органи.

По него претходно беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделението за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Во предметот се опфатени и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шест лица. Груби, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, во февруари годинава се предаде на граничниот премин Блаце, по што му беше определен куќен притвор.