Приведен инспектор во Кичево, земал поткуп

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево во Кичево приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, под сомнение дека примал поткуп, јавува дописникот ТВ21.

Полицијата го привела инспекторот кој според наши информации е од Тетово,а уапсен е во Кичево.

Наводно земал поткуп од 200 евра, пари кои претходно биле обработени од полицијата. Според информации за на ТВ21 при апсењето му биле пронајдени околу 4000 евра.