Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини – се сомничи за проневера на околу 700.000 евра!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, приведен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

Според првичните информации, тој се сомничи за проневера на околу 700.000 евра – средства кои УЕФА ги доделила на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Неофицијално, сомнежите за евентуални злоупотреби биле утврдени по промената на раководството во федерацијата, по што случајот бил пријавен до надлежните институции.

Истрагата е во тек, а засега нема дополнителни информации од институциите за текот и опфатот на постапката.