Приведен Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на некогашниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК

Новачевски е приведен по наредна на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Порталот пренесува дека Новачевски ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка, и за него ќе бидат побарани мерки на претпазливост како и заплена на имот.

Покрај Груевски и Новачевски, Обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Обвинителството најавило соопштение.