Приведени 27 лица, 43 не го почитувале полицискиот час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале  изјава  за самоизолација.  Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата  во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај,  едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.