Двајца државјани од Камерун вчеравечер на Меѓународниот Аеродром– Скопје сакале да влезат во земјава со над 900 илјади фалсификувани евра . По контрола на камерунците кои пристигнале со летот од Милано во Скопје , лишени се од слобода
„На 08.10.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со Одделот за гранични работи и миграции на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ – Скопје, при влез во државата, ги лишија од слобода Т.Р.Ф.(36) и М.Б.С.(40), двајцата од Камерун, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување “, велат од МВР.
Од МВР излегоа со детали околу тоа , што се е пронајдено кај двајца државјани од Камерун што пробале да внесат фалсификуваните пари во државава.
„При преглед на багажот кај М.Б.С. пронајдени се 2.072 исечени парчиња хартија со црна позадина на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 1.321 такви парчиња со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 100 евра, 247 со отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 200 евра, 104 со дизајн на банкноти од 500 евра, како и 1 француска лична карта на име К.В.С. и 1 камерунска патна исправа на име С.И.Ф. за кои нема податоци дека се вистинити.“, рекоа од МВР.
Поднесени се кривични пријави против двете лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“
