Приведени две лица во Тетово и Гостивар – пронајдени разновидни пиротехнички средства и остри предмети!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 23.12.2025 во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.

При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.

Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 395 и член 396 од Кривичниот законик.