Месецов започнуваат градежните работи на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, во понеделник се очекува потпишување на договорот со изведувачот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој месец се очекува да започнат градежните работи за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, а во понеделник се очекува потпишување на договорот со изведувачот.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во понеделник се очекува да биде потпишан договорот со изведувачот за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, пренесува ТВ21. Мицкоски изјави дека очекува работите на оваа патна делница да започнат во текот на овој месец.

„Успешно е завршена целокупната постапка, избран е изведувач, и во понеделник ќе биде потпишан официјално договорот. Очекувам овој месец да почне изработката на таа делница, така што, и ова, условно речено би кажал, негативно наследство од минатото се решава. Илјадници се проблеми коишто ги затекнавме, еден по еден ги решаваме. Сега, ние не можеме сите наеднаш да ги решиме бидејќи немаме толку ресурси… Еден од тие приоритети што успеавме да го решиме е токму и овој предизвик, конечно оваа делница, овие 8 километри да бидат завршени“, изјави Мицкоски денес пред новинарите.