Приведени две лица за диво градење – синоќа со багер почнале да градат паркинг позади поликлиника „Бит Пазар“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Упадот во установата се случил околу 19 часот, по што чуварот веднаш го известил одговорното лице од техничката служба на поликлиниката и двајцата директори.

„Веднаш штом бев информиран за случајот, пријавив во Министерството за внатрешни работи и лично кај министерот Оливер Спасовски. Веднаш беше интервенирано и според моите информации, уапсени се две лица. Не знам што имале намера да градат, но вакво нешто е незамисливо, некој на диво да влезе во јавна установа и да почне да гради“, вели Виктор Исјановски.

Случајот бил пријавен синоќа, по 19 часот, а полицијата веднаш реагирала. По наредба на јавен обвинител одеземена е градежната машина, а кривичната пријава против двете лица веќе се процесуира и ќе оди по брза постапка. Министерот порача дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост, независно дали е приватна или државна.

Инаку, на само километри од поликлиниката никнува уште една дивоградба за која деновиве се пишуваше во медиумите. Истата подолго време се гради на државно земјиште кое е наменето за паркинг. Таму, иако градоначалникот на О. Центар два пати побарал асистенција од МВР за рушење на дивоградбата, таа не само што се уште стои, туку и го добива финалниот изглед. Според градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, акцијата за рушење била пробиена од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.