Приведено 18-годишно лице од Скопје – бил затекнат на лице место при разбојништво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 17.12.2020 во 23.56 часот на ул. „Есперанто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Ш.Л.(18) од Скопје кој бил затекнат на лице место при вршење кривично дело „разбојништво“ над Ф.А.(33) од Скопје.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.