Денеска (18.09.2021) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Центар го лишија од слобода Ф.П.(70) од Скопје. За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор. Ф.П. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
