Пробиен рокот за тендер за стадионот во Тетово – Касами веќе не зборува за реконструкција, туку за нов стадион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа 25 дена откако градоначалникот на Тетово Биљал Касами рече дека за 10 дена ќе се отвори нов тендер за реконстркција на фудбалскиот стадион.

„Верувам дека за не повеќе од 10 дена ќе има оглас, значи во моментов на маса го имаме идејниот проект и уште еднаш велам дека за 10 дена ќе има оглас за тендерот“, вели Биљал Касами.

На прашањето за рокот, Касами не зборуваше конкретно, но сега како што се чини планот е сменет. Касами не зборува за реконструкција, туку за изградба на нов стадион.

„Можам да кажам уште една добра вест и за фактот дека има доцнења, и ќе најдеме решение кое ќе биде најдобро за Тетово и тоа значи дека може да се оди со концепт за изградба на нов стадион“, додаде Биљал Касами.

Ветувањето за реконструкција на стадионот Касами го даде пред локалните избори. Дадените рокови неколку пати се пробиени, а реконструкција немаше. Сега кога се зборува за изградба на нов, излегува дека Шкендија уште некое време ќе игра на стар стадион и надвор од Тетово за меѓународни натпревари.