Земјоделците од Тетово протестираа денеска пред општината во Тетово. Се пожалија за непуштањето во употреба на каналот за наводнување со кој треба да се наводнуваат 200 хектари земјиште. Велат дека е потребно итно решение.
„Ние земјоделците од општина Тетово сме овде за да го изразиме незадоволството до Министерството за земјоделство за препреките на кои наидуваме за земјиштата што се наводнуваат со вода од реката Пена во населбата Дарданија. Денеска имавме средба со градоначалникот кој ни вети привремено решавање на проблемот, но долгорочно решение не ни вети“, вели земјоделец.
„Нашите барања се да немаме пречки од институциите особено од општината, каде пред 10 дена со наши приватни средства го средивме тоа но имаме проблем од институциите“, порача земјоделец.
ТВ21 беше на терен за да го види местото од каде што земјоделците треба да земаат вода за наводнување.
Водата што излегува од реката во моментов воопшто не ги задоволува потребите на земјодлеците.
Тие велат дека на овие температури доколку не го наводнат земјиштето, нивниот труд ќе пропадне и ќе бидат со големи финансиски загуби.
По објавување на веста на ТВ21 рано утрото, од општина Тетово стигна ветување за решавање на проблемот.
„Во попладневните часови добивме многу големо ветување, за трајно решавање на овој канал за наводнување, каде што се наводнуваат голема површина од над 200 хектари земјоделско земјиште. Годинава ќе продолжиме со овој систем каде што наводнуваме, каде што градоначалникот ни вети дека догодина ќе има долгорочно решение и му благодариме доколку тој проект се реализира за нас земјоделците, за жителите, за граѓаните, што ќе значи и почита река Пена“, вели земјоделец.
Од општината ни рекоа дека градоначалникот Касами на земјоделците им ветил максимална посветеност да им помогне.
„На средбата ги информираше земјоделците дека каналите за наводнување на земјиштето се во надлежност на централната власт, која и понатаму не интервенира во решавањето на овој проблем. Ние како општина уште еднаш ќе се посветиме на решавање на овој проблем. Со формирањето на централната власт ќе најдеме долгорочно решение за оваа грижа за земјоделците да можат да ја посеат земјата и да го зголемат својот род“, вели Општина Тетово.
Во Тетово се суши Полошкото поле бидејќи се затвораат каналите за наводнување од причина што не се чистат.
