Проблеми за селекторот Тодоров, Младеновски позитивен, неизвесни Трајковски и Вајли

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија. Од Талин доаѓа информација дека центарот Љубомир Младеновски има позитивен тест на коронавирус, додека неизвесно е дали селекторот Александар Тодоров ќе може да смета на услугите на Бојан Трајковски и на Џејкоб Вајли.

– И покрај сите преземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, „PCR тестирањето“ покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен од докторот Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник, стои во соопштението на КФСМ.

Натпреварот е закажан за денес во 15 часот во Арената „Саку Сурхал“ во Талин.