Дивите продавачи како и оние на цвеќе во Тетово, го обвинуваат Општинскиот инспекторат дека за некого е мајка, а за некого маќеа. Во секој град има посебно место за продавачите на цвеќиња, што му недостига на Тетово, велат тие, а Инспекторатот не само што ги брка туку и ги казнува и селективно.
„Имаме проблем бидејќи тие сакаме да работиме. Со продавање цвеќиња се занимаваме 10 години. Сакаме да ни овозможат место каде што ќе можеме да работиме и да немаме проблеми со инспекторите секој ден. Цвеќе се продава низ цела Европа, низ цели свет, насекаде низ градовите“.
„Цвеќе продаваме 10-15 години, но сега работите се сменија, секоја година имаме проблем. Порано плаќавме нешто, сега не сакаат ниту да платиме ни ништо. Се трудам да произведам малку цвеќе, да продадам, но нема каде.. Едниот вели немаш право, другиот имаш право, ни јас не знам“.
-Дали ги бркаат сите или некои ги бркаат а некои не?
„Да, некој продава, некој не продава. Како што продаваат другите, и јас сакам да продавам“.
„Имаме личен проблем со општината. 15 години продаваме цвеќе. Велеа овде, таму и дојдовме до заклучок дека не можеме да продаваме цвеќе. Ако проблемот е што не знаеме да го искористиме просторот, нека ни обезбедат места каде што треба и спремни сме да излеземе, не велиме дека сакаме ваму или таму. Некому дозволуваат а некому не“.
Првиот човек на општинскиот инспекторат демантира дека има селекции кој смее, а кој не смее да продава на тротоар.
„Таму продавачите на тутун држат мала маса, а кога ќе поминат нашите редари, инспекторите, ја земаат таа маса, заминуваат, но потоа се враќаат и повторно сме на потребното место, но имаше толку многу продавачи кои се сега во многу мал број од нив а и тие се незаконски тука, во Тетово тротоарите се чисти и продолжуваме да ги чистиме тротоарите“, вели Абдиљгани Алији.
-Значи не правите селекции?
„Нема селекции“.
Градоначалникот Биљал Касами на 20 декември го посети зелениот пазар каде вети решенија за уличните продавачи. Уште за време на кампањата Касами го посети овој пазар, каде што побара поддршка од продавачите, вклучително и од оние на тротоарите.
