Продажбата на нови автомобили во ЕУ е намалена за четвртина во текот на 11 месеци од 2020 година.
Пандемијата со коронавирусот сериозно го загрози европскиот автомобилски пазар, со оглед дека во периодот од јануари до ноември се испорачани 25% помалку нови возила, за разлика од 2019 година.
Продажбата од 12 милиони од 2019 година е намалена, и изнесува за три милиони помалку, односно девет милиони возила во оваа 2020 година.
Со кризата најмногу е погодена Хрватска (-42.4%), следуваат Португалија и Бугарија (-36.4%), и Шпанија (-35,3%).
Од големите европски пазари, Италија забележа пад од 29%, Германија пад од 21,6%.
Најмал пад е забележан во Литванија (-16,2%), Шведска, Данска и Финска.
Според податоците од европското здружение за продажба на автомобили, Фолскваген група има и натаму најголем дел во ЕУ 25.6%, со 2.28 милиони испорачани возила.
