Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ продолжи и денеска, а полицијата го пребаруваат теренот во селото Злот кон селото Сумраковац, на потег на кои се наоѓаат неколку депонии и резервари со вода.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција од Белград и Бор, интензивно работат на пронаоѓање на телото на Данка, и утврдување на сите факти и околности во врска со овој случај, а во потрагат асе вклучиле и 50 припадници на Жандармеријата.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март. После 10 дена потрага и детални преговори, полицијата уапси две машки лица од Бор, осомничени за убиства. Станува збор за работници во „Водовод“ на кои им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Обвинителството соопшти дека Д.Д. го признал злосторството, додека Ј.С. се бранел со молчење. Уапсени беа и таткото и братот на едниот осомничен, за кои се претпоставува дека го премеситле телтото. Братот на Д.Д. почина во полициската управа во Бор.

Во меѓувреме директорот на ЈП „Водовод“ во Бор поднесе оставка од морални причини.