Продолжува уривањето кај ТЦ „Мавровка“, има и други дивоградби кои чекаат да бидат урнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И денеска булдожерите на ЈП Македонски патишта продолжија со уривање на објектот кај ТЦ Мавровка. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека дивоградбите треба да бидат обврска на градоначалниците и тие треба да ја преземат таа одговорност.

Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја потсети владата дека има и други објекти кои се изградени без дозвола. Портпаролот Наум Стоилковски рече дека очекува сличен третман и за објектот спроти Амбасадата  на САД.

Вчера првиот човек на Скопје, Петре Шилегов рече дека не само во Чаир туку и на други места треба да се борат против дивоградбите, за, како што рече, коректен однос со инвеститорите кои плаќаат сметки и данок на државата. Инаку за уривање на објектот кај Мавровка, сопственикот тврди дека ги има сите потребни документи за изградба и дека објектот се урива од политички причини.