Под урнатините од земјотресот во Турција, и по 4 дена се уште не умиреа надежта за живот. Таков е случајот со 5 членото семејство кое по 82 часа успеа да преживее под урнатините.
И во Дијарбакар по 81 час заглавен под урнатините, 7 годишното момче Бешир беше спасено од спасувачките екипи. Кога му рекоа дека за половина час ќе го извлечат од таму, Бешир од под урнатините им рече дека ќе умре од глад и жед.
„За половина час ќе те извлечеме“.
„Ќе умрам од глад и жед“.
Моментот кој донесе малку насмевка кај спасувачките тимови беше кога од под урнатините извлекоа 5 годишно девојче кое рече дека не сака да се напие вода бидејќи треба да оди на преглед кај лекар.
„Сакаш малку вода?“
„Не, се уште не сум била на преглед“.
Со секој поминат час се намалува надежта за наоѓање преживеани. Според експертите, над 90% од преживеаните од земјотресот се спасени во првите три дена.
До сега живи се извадени од под урнатините 9 илјади луѓе. Турскиот претседател реџеп Таип Ердоган денеска ја продолжи посетата на Газиантеп, од каде рече дека прогласувањето вонредна состојба ќе ги забрза обидите за спасување и помош во подрачјата погодени од земјотресот.
„Што и да донесе оваа одлука. Секој во Турција кој го злоупотребува овој период со земјотресот, врши корупција со трговија, заработува, тие што прават конфузија со оваа одлука, државата веднаш ќе постапи“, вели Реџеп Таип Ердоган.
Преживеаните освен претрпената штета, недостигот од воздух и храна, се соочуваат и со студот. СЗО не ја исклучува можноста, луѓето кои го преживеаја земјотресот а кои останале надвор, да го загубат животот од болести кои можат да ги погодат, или од недостиг од вода за пиење.
За разлика од Турција, Сирија има поголеми проблеми со спасувачките операции поради дестабилизаираната состојба таму. Во меѓувреме 6 камиони на ООН кои пренесувале помош сега ја поминале границата од Турција во Сирија. Ова е прва меѓународна помош. Бројот на жртви во Сирија и Турција се искачи над 17 илјади а вкупниот број на повредени е над 60 илјади.
